Нејмар потона во солзи, го тешеше синот на хрватски репрезентативец (Видео)

Стрелецот на единствениот гол за Бразил против Хрватска, Нејмар, по елиминацијата на пенали не можеше да ги сопре солзите, а да му пружи поддршка и да го теши по поразот од Хрватска дојде синот на Иван Перишиќ.

Како голем џентлмен, иако е се уште дете, синот на хрватскиот репрезентативец дотрча до центарот на теренот и му пружи рака на расплаканиот Нејмар.

Child from the Croatia camp comes over to console Neymar at full time. from soccer

Нејмар постигна водечки гол за Бразил во 105. минута во првото четвртфинале на Мундијалот во Катар, но израмни Бруно Петковиќ во 117. минута.

Се изведуваа пенали, а Хрватите ги погодија сите четири, додека кај Бразил промашија Родриго и Маркињос, па Коцкестите се пласираа во полуфиналето, а Кариоките си одат дома.

- Оглас -

Најнови вести