Нејмар се превиткуваше на теренот како да е тешко повреден, а една секунда подоцна тргна во спринт (Видео)

Пари Сен Жермен загуби од Олимпик Марсеј со 1:2 и е елиминиран во осминафиналето на Купот на Франција. Серхио Рамос беше стрелец на единствениот гол за Светците, кои на крајот беа немоќни иако во нападот беа со Нејмар и Лионел Меси.

Нејмар асистираше за погодокот на Рамос, а Бразилецот на овој дуел имаше и еден нефудбалски потег, по кој покажа дека е и одличен „глумец“.

Во една акција Нејмар падна на тревата и почна да се превиткува како да е повреден. Кога играчите на Олимпик ја загубија топката, Нејмар тоа веднаш го забележа, стана и тргна во спринт во напад.

- Оглас -

Најнови вести