Нејмар скршен од болка, не можеше да ги сопре солзите (Фото)

Бразил го заврши настапот на СП 2026 откако со 2:1 загуби од Норвешка во осминафиналето. Единствениот гол за Бразил го постигна Нејмар, и тоа од пенал во 90+10 минута, кога намали на 1:2 и немаше време Кариоките да се спасат од пораз.

За Нејмар ова беше деветти погодок во историјата на Светските првеснтва. Тој погодуваше на Мундијалите во 2014, 2018, 2022 и сега во 2026 година и има вкупно девет погодоци. Нејмар вкупно има 80 погодоци во дресот на бразилската репрезентација, но тоа е мала утеха за најдобриот стрелец во историјата на петкратниот светски првак.

По елиминацијата, Нејмар не можеше да ги задржи, ни да ги скрие солзите. Според најавите, ова беше последен натпревар на Нејмар во репрезентацијата. Одигра 130 меча, даде рекордни 80 погодоци, но не освои ниту еден трофеј на големи натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести