Нејмар тренираше, ќе биде спремен за понеделник против Јужна Кореја

После лошите вести околу здравствената состојба на кралот на фудбалот Пеле, и повредите на Габриел Жезус и Алекс Телјес за кои Мундијалот е завршен, конечно и убави вести за фудбалски Бразил.

Нивната најголема ѕвезда, Нејмар, закрепна од повредата која ја здоби на мечот со Србија, и повторно тренира, па најавите се дека ќе биде подготвен за осминафиналето со Јужа Кореја в понеделник.

Сепак, последниот збор ќе го имат лекарите кои ќе ја следат неговата состојба во следните 48 часа, па на денот на натпреварот ќе се одлучи дали Нејмар ќе игра.

Не тренираше Алекс Сандро, па селекторот Тите може ќе треба да експериментира на позицијата лев бек ако не може да игра Сандро (неговата замена Телјес дефинитивно е во аут).

- Оглас -

Најнови вести