Нејмар трипати ја тестираше рамката од голот на Нојер, следуваше казна (видео)

Чупо-Мотинг вторпат во шест дена погодува против поранешниот клуб ПСЖ, а со овој гол му ги врати надежите на Баерн дека сепак може да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите.

На „Паркот на принцовите“ недостасуваше само погодок во досега интересното дерби. Нејмар во неколку минути на трипати ја тестираше рамката од голот на Нојер, диреците и пречката го спречија да се радува, па експресно следуваше казна на другата страна.

Навас не интервенираше како што треба при ударот на Сане, па одбиената топка ја стигна Чупо-Мотинг, кој погоди со глава за 1-0 во 41-вата минута. На Баварците им е потребна победа од 0-2 за пласман во топ 4 фазата.

https://twitter.com/Goals673/status/1382056474701135880

Во Севилја мрежите мируваат, каде што Челзи и Порто се борат на неутралниот терен „Рамон Санчес Писхуан“. Сините разбирливо се поконкретни и го диктираат темпото, па и да остане резултатот 0-0, на лондочани ќе им одговара бидејќи поголем дел од работата завршија во победата од 2-0 пред шест дена.

Порто може да жали што Корона пропушти златна шанса во 33-тата минута, кога се најде пред голот на домаќините, но неговиот удар заврши високо над голот на Менди.

- Оглас -

Најнови вести