Нека му се оствари желбата на Буфон во 2026 година: Ако Италија не се пласира на СП, ќе го чекам следниот Мундијал

Легендарниот италијански голман Џиџи Буфон најави дека ќе брани до 50 години и дека сака да настапи на Мундијалот во Катар, но ако тоа не се случи ќе го чека и следното Светско првенство.

Буфон денеска го слави 44-от роденден, а желбата да брани до 50 години и барем уште еднаш на Мундијал зависи и од Македонија.

„Сакам да бранам до 50 години и барем уште еднаш да се пласирам на Светско првенство со Италија. Ако не успееме сега во баражите во март, тогаш ќе го чекам следниот Мундијал“, изјави голманот на Парма.

Токму Македонија е првиот ривал на Аѕурите во предвидените два баражи за пласман на Светското првенство во Катар што ќе се игра годинава во ноември и декември.

Македонија ќе и биде гостин на Италија на 24. март во Палермо и победникот од тој бараж дуел ќе игра на гости со Португалија, или Турција на 29. март во финалето што го води севкупниот победник на Светското првенство.

Следното Светско првенство во 2026 година заедно ќе го организираат Канада, Мексико и САД.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести