Некогашниот селектор на Србија: Хрватските ракометари ме воодушевија

Големото балканско дерби меѓу Србија и Хрватска на Европското ракометно првенство им припадна на Хрватите кои славеа со 23:20.

Ова беше важна победа за Каубоите коишто сега се во одлична позиција да го обезбедат второто место во групата Ц.

Некогашниот српски селектор Ненад Перунчиќ е воодушевен од играта на Хрватска.

„Само Цупара имаше добар настап од нашата репрезентација, додека кај Хрватска за првпат видов момци во репрезентацијата кои претходно не сум ги слушнал, а тие одиграа како осум години да се стандардни репрезентативци.

Хрватска беше одлична на секоја позиција, надворешната линија функционираше перфектно. Едноставно, Хрватските ракометари ме воодушевија со нивната игра“ изјави Перунчиќ.

Србија во последното коло ќе игра против Франција, каде што ќе ѝ биде потребна сензационална победа за да се надева на понатамошен пласман.

- Оглас -

Најнови вести