Некој во Реал Мадрид е позитивен на Коронавирусот

Реал Мадрид сопре со сите спортски активности на фудбалскиот и кошаркарскиот тим откако еден член на кошаркарската селекција бил тестиран како позитивен на Коронавирусот.

Според весникот „Марка“, еден кошаркар чие име не е објавено е заразен од опасниот вирус, па сите селекции веднаш го напуштиле тренинг-центарот. Претпоставките се дека заразениот кошаркар е Треј Томпкинс

Фудбалерите требало да имаат тренинг во 11 часот, но и тој е откажан и сите го напуштиле тренинг-центарот. Се очекува наскоро сите да бидат тестирани на Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести