Неколку метро-станици ќе бидат затворени во Париз поради Франција – Мароко

Во француската престолнина Париз се преземаат безбедносни мерки за натпреварот Франција-Мароко во четвртфиналето на Светското првенство.

Постои загриженост дека би можеле да избувнат немири за време и по натпреварот, како што се случи за време на Светското првенство во 2022 година. Тогаш 167 лица беа приведени на улиците на Париз.

Еден час пред натпреварот, шест метро-станици ќе бидат затворени. Сообраќајот помеѓу станиците Шарл де Гол-Етоил и Трокадеро ќе биде прекинат. На жителите им е забрането и транспорт на гориво во канистри во градот.

Полицијата доби и дозвола да користи дронови за следење на безбедноста во Париз.

- Оглас -

Најнови вести