Нема билети за Грција – Македонија

Грчката ракометна федерација објави дека пред салата во Кожани нема да има продажба за билети за утрешниот меч против Македонија, туку оти во сала ќе се влегува само со акредитации и пропусници. Дуелот од квалификациите за Европското првенство 2020 се игра утре од 16 часот.

По договорот со полицијата од Кожани, ракометната федерација ги донесе следниве одлуки: зголемено обезбедување и воведување посебни сообраќајни мерки пред, за време и по натпреварот, мечот да се прогласи од висок ризик, да нема продажба на билети, и сите покани за присутните во салата да бидат со име, број на лична карта.

Присуство на луѓе кои немаат таква покана или акредитација, нема да биде дозволена. Вратите ќе се отворат на еден ипол час пред почетокот.

- Оглас -

Најнови вести