Нема човек што не го знаеше, почина легендата Славе срцка

На 80-годишна возраст почина скопската легенда Светислав Димовски, познат како Славе Срцка.
Со децении беше неизоставен дел од спортски натпревари и концерти.
Многумина го знаат во улогата на бришач на паркетот на кошаркарски натпревари, позитивен човек кој пленеше со својот оптимизам, искрена насмевка и неизмерна љубов кон спортот. Беше присутен на илјадинци натпревари, секогаш ведар, со поддршка на нашите спортисти.
Последните години се бореше со болест и ретко се појавуваше во јавост, но ќе остане запаметен кај сите што го познаваа.
- Оглас -

Најнови вести