Нема фудбал, ама Сити и Саутемптон играа и тоа „икс-нула“ (Фото)

Англичаните очигледно не може да издржат без фудбалските клубови и возбудувањата во Премиер лигата. Во моментите кога поради Коронавирусот е суспендиран фудбалот и возбудувањата на стадионите, во Англија започнаа да бараат најразновидни начини за тоа како да направат неделни возбудувања. Лидс и Кардиф одиграа меч на видео игра, а чекор понатаму отидоа премиерлигашите.

Според програмата на Премиер лигата, вчера требаше да играат Саутемптон против Норич, но пандемијата од опасниот вирус е причина да не се игра овој меч. Администраторот на Саутемптон на социјалните мрежи сепак се реши на едно интересно решение за да има динамика поврзана со клубот.

Од Саутемптон упатија покана до Норич да одиграат натпревар во популарната игра „икс-нула“. Од Саутемптон го започнаа „мечот за икс-нула“ во точно 16 часот кога требаше да започнат фудбалските возбудувања на теренот. Од Норич немаше одговор цели 45 минути, па понудата на Саутемптон за еден ваков меч го прифатија од Манчестер сити.

Администраторот задолжен за социјалните мрежи на Граѓаните, реши да го прифати предизвикот на Саутемптон и започна „икс-нула мечот“. По две одиграни полувремиња, ниту еден од двата тима „не даде гол“, па на крајот мечот заврши мирољубиво.

На шега во еден момент имаше и коментари дека натпреварот има прекин затоа што судијата требало да гледа ВАР ситуација.

- Оглас -

Најнови вести