Нема фудбалер кој може да потпише за Ливерпул ако не исполнува еден многу важен услов

Новиот сој на Коронавирусот прави хаос во Англија. Земјата се подготвува за нови драстични рестрикции, а меѓу првите кои почувстуваа проблеми поради зголемениот број на заразени, е фудбалот.

Поради зголемениот број на заразени, само вчера беа одложени пет од шесте предвидени меча во Премиер лигата, а и денеска нема да се играат сите дуели кои беа на програмата.

Токму затоа, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека во јануарскиот преоден рок, доколку во неговиот тим дојде нов играч, тој мора да биде вакциниран против Коронавирусот. Според германскиот стратег, голем е ризикот ако купат невакциниран фудбалер.

„Ливерпул нема да потпишува со невакцинирани фудбалери во јануарскиот преоден рок, но и потоа. Ако играчот не е вакциниран, тој постојано ќе биде закана за сите нас“, рече Клоп во пресрет на денешниот меч против Тотенхем на гости.

На ист став да не потпишува со невакцинирани фудбалери е и некогашната легенда на Ливерпул, а сега тренер на Астон вила, Стивен Џерард.

- Оглас -

Најнови вести