Нема крај на фудбалските викенд-шокови – Удинезе го нокаутира Лацио (Видео)

Удинезе го нокаутира Лацио со 3:1 во Рим и ја продолжи низата големи сензации на европските терени, викендов. Лацио беше голем фаворит, го почна мечот на „Олимпико“ со серија од 8 меча без пораз, но лесно крена бело знаме и загуби убедливо од аутсајдерот.

Гостите, чиј член е Илија Несторовски пристигнаа во Рим со серија одшест порази по ред во меѓусебните дуели со Лацио, кога се играло на „Олимпико“, но веднаш најавија дека одат на изненадување.

Толгај Арслан погоди во 18. минута, а на полувремето беше 0:2, откако и Пусето беше прецизен во четвртата минута од судиското продолжение на првиот дел.

Фернандо Форестиери погоди и третпат за гостите, а Аргентинецот беше прецизен во 71. минута, со што ги разби надежите на Лацио за евентуален пресврт и продолжување на серијата без пораз на 8 меча.

Најдобриот стрелец во Европа за ланската сезона, Чиро Имобиле со гол од пенал само го ублажи сензационалниот пораз од 1:3.

 

- Оглас -

Најнови вести