Нема крај на малерите за Рамос – Позитивен е на ковид-19

Нема крај на малерите за Серхио Рамос, кој е во процес на рехабилитација од први април и нема да игра најмалку до финишот на овој месец, а сега ќе мора времето да го минува во карантин во следните неколку денови бидејќи има позитивен тест на корона-вирус.

Капитенот на Реал Мадрид се повреди на стартот од квалификацискиот меч што Шпанија го играше со Косово на 31 март. Беше заменет во петтата минута, а потоа ги пропушти и првиот дуел со Ливерпул во четвртфиналето во Лигата на шампионите, секако нема да игра и утре на реваншот на „Енфилд роуд“, а не настапи ниту на „Ел Класико“ против Барселона.

Претходно, на почетокот на годината Рамос пропушти десеттина натпревари поради повреда на коленото, а потоа против Косово го повреди бутниот мускул.

Реал и без капитенот ги доби двата дуели, против Ливерпул со 3:1 и против Барса со 2:1, а се очекува Рамос да ги прегрми сите искушенија и проблеми и да се врати на терен во финишот на сезоната.

Реал е во битка за двете титули, во Лигата на шампионите и во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести