Нема крај на НБА лудилото: Вестбрук се сели во Хјустон

Оклахома е подготвена да прави сосема нов тим од тој што го имаше во минатата сезона. По заминувањето на Пол Џорџ, се очекува во најскоро време да си замине и првата ѕвезда во екипата, Расел Вестбрук.

За Вестбрук се интересираат Мајами хит, Детроит пистонс, но сепак најверојатно е дека Хјустон ќе ја добие трката за оваа НБА ѕвезда. Вестбрук цели 11 години е дел од Оклахома и стана легенда на клубот, но можно е летово да си замине и за прв пат да облече дрес на некој друг НБА клуб.

Вкупно за Оклахома досега одигра 919 натпревари, што значи дека ако сепак реши летово да не си замине, може да го прослави и мечот број 1.000 за овој клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести