Нема поголеми сигурици вечерва: Томас Милер и Един Џеко даваат гол!

Баерн Минхен ја пречекува Барселона во супер дербито на денот во Лигата на шампионите. Каталонците станаа омилена жртва на германскиот гигант, кој има четири победи во низа со гол-разлика од 17 дадени и само четири примени гола.

Посебно впечатлива е статистиката на Томас Милер, кој има одиграно седум меча против Барселона, во кои е со биланс од шест победи и само еден пораз. Во овие седум средби, Милер има постигнато дури осум голови, а додаде и две асистенции.

Ако продолжи оваа традиција, Милер вечерва на „Алијанц арената“ сигурно ќе постигне гол против Барселона.

Во слична позиција како Милер е и Един Џеко. Голгетерот на Интер вечерва ќе игра против својот омилен ривал, Викторија П’лзењ. Џеко има постигнато дури девет погодоци против Викторија П’лзењ, па многу веројатно е таа низа да продолжи и сега.

Во дресот на Манчестер сити, Џеко има одиграно два меча против Викторија П’лзењ и дал два гола. Како играч на Рома, Џеко во три меча против ривалот од П’лзењ постигна дури шест погодоци. Еден гол има дадено и во далечната 2006 година, кога настапуваше за Теплице.

- Оглас -

Најнови вести