Нема шега со Конте – го изолираше целиот тим од јавноста

Антонио Конте од стартот на својата нова функција во Интер воспостави свои правила. Нераѕурите ги започнаа подготовките за новата сезона во изолација од јавноста, но и од навивачите. Италијанскиот стратег забранил присуство на медиуми и навивачи за време на нивните тренинзи со цел да не ги обелодени своите стратегии и идеи.

Сите влезови на тренинг-центарот на Интер се затворени, а една медиумска екипа се обидела да го снима тренингот од апартман кој имал поглед од балконот врз самиот терен. Тие биле забележани од страна на одговорните лица на клубот за безбедност, по што веднаш реагирале.

Вакви слични правила Конте применуваше и во периодот кога беше менаџер на Челзи, така што италијанските медиуми не се изненадени од оваа блокада. Конте е познат по строгиот начин на раководење со тимовите и јасно е дека кај него нема време за шега.

 

 

- Оглас -

Најнови вести