Нема спорт во Италија до 3 април, за потврда се чека само уште Владата

Суспензија на сите нивоа на спорт во Италија до 3 април е одлучено на состанокот на спортските федерации заедно со Олимпискиот комитет на Италија. Конечната одлука е во рацете на Владата на Италија, а препораката е да се забранат спортски мечеви.

Изминатиот период имаше спортски натпревари, но без публика, а сега се бара уште подрастична мерка. Ако оваа одлука стапи во сила, тоа значи дека нема да гледаме фудбалски возбудувања во Серија А еден месец.

- Оглас -

Најнови вести