Немаше чудо, Аргентина треба да им се заблагодари на двајца Мартинези, на третиот не!

Аргентина ќе биде противникот на Холандија во петочното четвртфинале на Светското првенство во Катар. Гаучосите славеа со 2-1 против Австралија и ја оправдаа фаворитската улога.

Лионел Меси и Хулијан Алварез беа стрелци на головите кои ја однесоа Аргентина во четвртфинале против Лалињата. Сепак и одбраната на Аргентина има заслуга за триумфот. Лисандро Мартинез го спречи шутот на Бехич кој имаше 100 процентна шанса, а во последните моменти од средбата, голманот Емилијано Мартинез одбрани при убавата шанса на младиот Куол.

За разлика од неговите презимењаци, Лаутаро Мартинез се изнапромашува убави шанси и можеше да биде трагичар ако Австралија го однесеше мечот во продолженија.

- Оглас -

Најнови вести