Ненаситни Баварци, Баерн сака да се засили на четири позиции, ќе купат и напаѓач?

Тешкиот пораз од 1-4 на гостувањето кај Хофенхајм покажа дека и Баерн Минхен си има свои слабости, па управата на Баварците најавува дека клубот ќе биде многу активен во последната недела од трансфер-прозорецот. Најавите се дека Баерн ќе доведе играчи на четири позиции, ќе купат и напаѓач кој би бил соодветна замена за Роберт Левандовски на мечеви на кои Полјакот нема да игра.

Левандовски требаше да добие одмор и не играше во првото полувреме, стартер беше 19-годишниот Циркзе, па Баерн се најде во негатива и тоа ги налути тренерот Флик и раководството. Во тимот ќе донесат класичен напаѓач кој би ја засилил и онака веќе моќната офанзивна линија. Баерн оди на титули во сите натпреварувања, утре играат во Германски суперкуп со Борусија Дортмунд.

Освен централен напаѓач, Баерн сака пред 5 октомври да купи и десен бек (фаворит е Дест од Ајакс, за кого се бори и Барселона), крило (Хадсон Одои од Челзи им е на листата на желби) и дефанзивен играч од средниот ред (ако не донесат никого, Хави Мартинес ќе остане и сезонава).

- Оглас -

Најнови вести