Ненаситни Светци: Во две контролки постигнаа 16 гола

Францускиот првак ПСЖ вчера го одигра вториот контролен натпревар по пауза од четири месеци, а белгискиот прволигаш Васланд Беверен настрада слично како Ле Авр пред една недела.

Светците спакуваа седум комада во мрежата на противникот, надврзувајќи се на претходниот триумф од 9-0, па сега тимот на Томас Тухел покажува колку му недостасувало да биде на терен. Нејмар, Мбапе и Икарди реализираа по еден гол во голеадата пред да бидат заменети, а додека беа на теренот ѕвездите ги покажуваа своите способности и правеа атракции за ограничениот број на публика на „Паркот на принцовите“.

https://twitter.com/PSGbrasil/status/1284225673549275137

Во два меча 16 погодоци, ПСЖ во полн погон се подготвува за продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите, каде што во четвртфиналето ќе се сретне со незгодната Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести