Необичен прекин во НБА: Пијан навивач поврати на паркетот (Видео)

Сакраменто е единствениот тим кој ноќеска не победи на свој терен во мечевите одиграни во НБА лигата. Кралевите беа поразени од Јута со 123:105, во меч кој имаше необичен прекин.

Еден навивач кој седеше во првиот ред, веднаш до аут линијата, толку бил пијан што не можеше да издржи и поврати. Останатите гледачи кои беа покрај пијаниот навивач, згрозени се тргнаа од местото, а кошаркарите на теренот фаќаа „сеир“.

https://twitter.com/i/status/1462298001653780482

Поради овој испад на навивачот, мечот беше 15-тина минути во прекин, време во кое се среди паркетот, а потоа мечот продолжи.

- Оглас -

Најнови вести