Необична плочка се појави на градите на Ѓоковиќ, Србинот даде бизарно објаснување

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми се пласира во третото коло на „Ролан Гарос“ откако со 3:0 во сетови го победи Мартон Фучович од Унгарија. Противникот само во првиот сет даде достоен отпор, а потоа Србинот по брза постапка го реши ривалот. 

Ако по победата во првото коло од францускиот гренслем во фокусот беше пораката која ја испрати преку видеокамерата, овојпат Ѓоковиќ повторно е во фокусот поради момент кој нема многу заеднички работи со тенисот.

Кога Ѓоковиќ реши да ја смени маицата, телевизиските камери забележаа дека на неговите гради има залепено некаква плочка. Коментаторот се пошегува и го спореди со супер херојот Ајронмен, кој на градите имаше вградено реактор кој му го штити срцето.

По завршување на мечот, сите беа радознали што значи таа плочка на градите на Ѓоковиќ, а тенисерот прво малку се пошегува, а потоа даде одговор кој збуни многумина.

„Многу го сакав Ајромен како дете, па сега се обидувам да го глумам. Мојот тим има неверојатна нанотехнологија која ми помага како би го дал најдоброто од себе на теренот, така што ова е најголемата тајна во мојата кариера. Ако го немаше ова, веројатно немаше и јас сега да бидам тука“, рече Ѓоковиќ, кој во третото коло ќе игра против шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина.

 

- Оглас -

Најнови вести