Необична повреда: Се судри со камерата (Видео)

Севилја со 2:0 победи на гости кај Мајорка, во меч на кој за домаќините не настапи македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Гостите беа големи фаворити, а тоа го потврдија и на теренот, па со по еден гол во двете полувремиња, стигнаа до сигурен триумф.

Освен погодоците, дуелот го одбележа и необичната повреда на домашниот играч Лумор Агбенјен. Во обид да стигне до една топка, играчот од Гана се удри во камерата која се наоѓаше во непосредна близина на аут линијата. За среќа, повредата не беше многу серизна и по укажаната помош, го продолжи мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести