Неочекувано лесно падна Лацио – Старата дама во ново руво нанижа шест победи по ред во Серија А (Видео)

Мојзе Кен ја продолжи серијата голови за Јувентус и со два прецизни удари заедно со Аркадјуш Милик, кој даде еден гол, ѝ донесоа нова победа на Старата дама, шеста по ред во Серија А.

Вечерва неочекувано лесно Јуве го победи Лацио со 3:0 и со низата од шест успеси по ред се проби на третото место со 31 бод, 10 помалку од Наполи и 8 од актуелниот првак Милан.

Кен со двата гола сега има четири на последните четири меча и е во топ-форма, па паузата поради Мундијалот не е добредојдена за него.

Во 43-тата минута мајсторски го искористи непотребното излегување на гоплманот на Лацио, Проведел, и мудро го лобуваше за 1:0.

Кен повторно беше најснаодлив во 54-тата минута и го постигна вториот гол на мечот што требаше да биде дерби на колото, но мина во апсолутна доминација на „црно-белите“ во Торино.

Печат на убедливата победа стави Аркадјуш Милик со гол за 3:0 во 89-тата минута на асистенција на Федерико Кјеза.

Лацио го претрпе првиот пораз на гости сезонава и падна на четвртото место со 30 бода.

- Оглас -

Најнови вести