Непријатна самба за Корејците, Бразил им смести покер во мрежата уште во првото полувреме (Видео)

Бразилците пак одиграа импресивен меч и со четири гола во мрежата на Јужна Кореја за само едно полувреме ги разрешија сите дилеми која репрезентација ќе игра четвртфинале во Катар против Хрватите.

Самбата на Кариоките беше непријатна за ривалот, а Корејците немоќно ги следеа мајсторските потези и голови на првиот фаворит на шампионатот.

Првиот гол го даде Винисиус јуниор во седмата минута, а само 360 секунди подоцна Нејмар од пенал зголеми на 2:0.

Следните две акции беа прекрасни, а најпрво Ришарлисон со магични потези ја измеша одбраната на Јужна Кореја во 29-тата минута и ја искористи асистенција на Тијаго Силва за 3:0.

И следниот гол беше по одлична акција, а го постигна Пакета по додавање на Винисиус јуниор.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести