Топлото време дефинитивно прави проблеми посебно за гледачите кои се на трибините. На мечот меѓу Парагвај и Франција кој се игра во Филаделфија, еден навивач кој е на трибините, покажа колку е топло.
Според направените мерења, површинската температура на пластичните седишта кои се на трибините и цело време биле изложени на сонце, достигнале температура од 69,7 целзиусеви степени. Таа температура значи дека тие столчиња практично се неупотребливи за седење.
За тоа колку е топло во Филаделфија потврдуваат и сензорите кои се поставени покрај теренот, а тие во одредени делови покажувале температура од околу 60 целзиусеви степени.
Температурата на воздухот изнесува околу 38 степени и на овој меч дефинитивно корисна и морална беше паузата на половина од полувремињата, кога фудбалерите на двата тима се освежуваат.

