Нереално промашување на Златан (видео)

Милан и Торино во овие моменти играат продолженија во четвртфиналниот меч од Купот на Италија. По 90 минути, „Сан Сиро“ не доби победник при резултат од 2-2, откако Росонерите се спасуваа од пораз со погодокот на Чалханоглу во судиското надополнување.

Милан можеше да направи целосен пресврт во петте дополнителни минути, меѓутоа Златан Ибрахимовиќ утна од место каде што во 99% од останатите ситуации би погодил со леснотија.

Неверојатното промашување на Златан можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести