Нередите во Париз причина за одложување на дуелот ПСЖ – Монпелје

Дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Монпелје, кој беше закажан за осми декември на „Паркот на принцовите“, нема да се одигра во предвидениот термин. Од Француската фудбалска федерација потврдија дека мечот е одложен поради нередите кои се случуваат во главниот град на земјата.

Во Париз веќе со денови има големи протести поради најавата за зголемување на цената на горивата. Ситуацијата излезе од контрола бидејќи демонстрантите во многу ситуации успеаја да ги пробијат и полициските кордони, па дури да оштетат и голем дел од знаменитостите на градот.

„Локалните власти не може да му гарантираат на организаторот дека ќе обезбедат доволен број полицајци и затоа натпреварот и официјално е одложен“, стои во образложението.

Засега не се знае кога ќе се одигра овој меч. ПСЖ утре гостува кај Стразбург во меч од домашното првенство, а потоа ќе има една недела пауза до дуелот против Црвена ѕвезда во Белград, во последното коло од Лигата на шмапиони.

 

- Оглас -

Најнови вести