Нервозниот Ѓоковиќ се изнамачи со Колшрајбер

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по 2 часа и 37 минути игра, го совлада Филип Колшрајбер со 6-3, 4-6, 6-4, во својот прв меч на Мастерсот во Монте Карло.

Ѓоковиќ не блескаше на земјениот терен во Кнежевството, кое го има пријавено како место на живеење, но најде начин да триумфира и на Германецот да му се реваншира за поразот во Индијан Велс.

Во вториот сет, кој траеше 61 минута, тенисерите имаа проблем со сервисот и шест гејма по ред завршуваа со брејк. Лошиот сервис беше причина нервозниот Ноле да го удри рекетот од земја, по што беше исвиркан од публиката.

Србинот лани во Монте Карло испадна во третото коло, па за да освои поени и да ја зголеми предноста на АТП-листата, мора да стигне барем до четвртата рунда. Следен ривал ќе му бидат Диего Шварцман или Тејлор Фриц.

- Оглас -

Најнови вести