Неш доби отказ од Бруклин нетс, ќе го менува скандалозниот љубовџија од Бостон

Стив Неш доби отказ во Бруклин нетс по слабите резултати на тимот во новата сезона во НБА-лигата, а Мрежичките веќе му најдоа замена, и тоа ќе биде скандалозниот љубовџија од Бостон, Име Удока.

Удока е суспендиран од Бостон селтикс на една година, односно до јуни 2023 година поради љубовен однос со вработена во клубот, а Келтите се обидоа и да му „накалемат“ и дека имало и закани од него кон дамата со која имал сексуални односи, но тоа изгледа неверојатно бидејќи досега нема никакви поплаки од неговата партнерка.

Сепак, Име го прекрши клупскиот правилник, но не и тој на НБА, па може веднаш да почне да работи, а велат дека веќе се договорил со Бруклин и се чека само потврда и промоција.

Неш беше кормилар на Мрежичките од септември 2020, односно малку повеќе од две години.

 

- Оглас -

Најнови вести