Нестор сведок на аргентинското танго во изведба на Дибала и Игуаин (видео)

Јувентус е на пат да осигура четвртфинале во Купот на Италија, бидејќи во мечот против Удинезе на Илија Несторовски шампионот води со 2-0 уште во раната фаза од мечот. Одличната комбинација на Аргентинците Дибала и Игуаин вреди да се погледне неколкупати.

Двајцата разменија неколку точни додавања на мал простор и ја оневозможија одбраната на гостите да реагира на време, а Игуаин избегна офсајд замка и без проблем ја смести топката во голот за 1-0 во 16-тата минута, а веќе 10 минути подоцна Дибала од пенал зголеми на 2-0.

https://twitter.com/viaKoorhWorld3/status/1217538709538660355

- Оглас -

Најнови вести