Несторовски може да здивне – Удинезе обезбеди опстанок со победа на Сардинија

Илија Несторовски ќе игра нова сезона во Серија А, ако остане во Удинезе, клуб што вечерва обезбеди опстанок со победа од 1:0 против Калјари.

Стефано Окака погоди во раната фаза, во третата минута за триумф што им донесе опстанок на популарните Зебри од Удине.

Несторовски играше од 68. минута и влезе токму на местото на стрелецот на победничкиот гол, а неизвесно е дали ќе остане во тимот од Удине и следната сезона.

За него заинтересиран е новиот прволигаш Кротоне, што би значело дека секако Несторовски би играл во Серија А и идната сезона.

Рома успеа да ја победи Фиорентина со 2:1 и е речиси сигурен учесник во Европа Лигата за следната сезона. Един Џеко погоди од пенал во 86. минута за победа, откако претходно прецизен за домаќините беше Верету, исто така од пенал, а потоа израмни Миленковиќ.

Опстанок со реми 1:1 против испаднатиот СПАЛ обезбеди и Торино, а Лацио ја декласира Верона со 5:1 на гостински терен.

Чиро Имобиле постигна хет-трик за гостите и сега е прв стрелец во Калчото со 34 гола, четири повеќе од Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести