Несторовски по шест месеци пауза, се врати на тренинг

Илија Несторовски се повреди во најлош можен момент, а тоа е пред настапот на Македонија на првото историско Европско првенство. Поради повредата на коленото, популарниот Нестор-гол мораше да оди на операција, што значеше и долга пауза.

По шест месеци од повредата, Несторовски денеска на својот инстаграм-профил објави дека конечно е подготвен да се врати со полн интензитет на тренинг кај својот клуб Удинезе, а имаше и порака за тоа што го помина во овој период.

„Поминаа 180 дена, но на проблемот му пристапив со крената глава. Не беше лесно да се надмине повредата, но како и секоја потешкотија, се соочив и со оваа, и тоа на најдобар можен начин. Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам со мојата одлучност и благодарејќи на моето семејство кое беше покрај мене секој ден! Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на медицинскиот персонал на Удинезе што ми беа на располагање за да закрепнам подобро“, порача Несторовски преку инстаграм-профилот.

- Оглас -

Најнови вести