Неуспешен двобој на првите македонски фудбалери кои играа по пандемијата со корона-вирусот

Екипата на МОЛ Фехервар, во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу, е елиминирана од Купот на Унгарија откако денеска на свој терен одигра само 2:2 против Мезоковед.

Само три дена, МОЛ Фехервар одигра 1:1 на гости, па двата примени гола на денешниот меч на свој терен значеа елиминација на тимот во којшто играат двајцата наши репрезентативци.

Муслиу го одигра целиот меч во одбраната на МОЛ Фехервар и заработи жолт картон, додека Николов остана на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести