Невакцинираниот Ирвинг незапирлив за шампионот, ова може да биде пресвртница за Нетс (Видео)

Ослабениот Бруклин нетс, без Кевин Дурант и приновата Бен Симонс, успеа да го победи НБА првакот Милвоки бакс, со 126-123, во меч на кој се истакна Кајри Ирвинг со 38 поени, што е негов сезонски рекорд.

За Кајри ова беше прво гостување во салата во која се повреди на четвртиот меч од ланското источно финале, со што работата на Елените им беше олеснета и тие од 0-2, направија пресврт и победија со 4-2.

Ирвинг го одигра својот 15-ти меч сезонава, сите на гости. Кајри не смее да игра во Бруклин, затоа што Њујорк не дозволува настап на невакцинирани спортисти. Ирвинг дава барем 27 поени на последните четири меча, и најавува подобри за Мрежичките.

Кај Милвоки, 30 поени даде Портис, Адетокумбо 29, Мидлтон 25, но тоа беше недоволно.

Никола Јокиќ со трипл-дабл придонесе во победата на Денвер над Сакраменто од 115-110, Џа Морант имаше личен рекорд од 46 поени во триумфот на неговиот Мемфис против Чикаго од 116-110, а најмалку поени имаше на дуелот кој Кливленд го доби против Вашингтон со 92-86.

За Атланта не беше проблем да се совлада Торонто кога Тре Јанг имапше 41 поен и 11 асистенции.

Потегот на вечерта го имаше расположениот Морант, кој ја положи топката во кош после акробатско вртење во воздух од 360 степени:

- Оглас -

Најнови вести