Неверниот Фјури спиел со повеќе од 500 жени, сега се кае за тоа

Британскиот боксер Тајсон Фјури тврди дека откако ја надминал бројката од 500, престанал да брои со колку жени имал секс, а се кае за неверствата.

„Кралот на циганите“, како што самиот си се нарекува овој боксерски светски шампион во ВБЦ верзијата во тешка категорија, од 2008 година е во брак со сопругата Парис, со која има шест деца.

„Многу глупости направив, но сите правиме грешки. Не сум најдобриот сопруг на светот. Единствено се каам што имав односи пред да стапам во брак. Спиев со повеќе од 500 жени, не знам колку, одамна престанав да ги бројам. Би сакал да можам да ја избришам таа епизода од животот“, вели Фјури, кој имаше проблеми и со дрогата и алкохолот, а размислувал и на самоубиство откако паднал во депресија во 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести