Неверојатен детаљ клучен за светската титула на Челзи, Аспиликуета е гениј

Челзи за првпат во клупската историја во своите витрини го донесе пехарот наменет за најдобриот клуб во светот. Лондонскиот тим во финалето на Светското клупско првенство, со 2:1 го победи бразилскиот Палмеирас, и тоа дури по 120 минути игра.

Погодокот вреден титула го постигна Кај Хаверц од пенал во 117-тата минута, а интересно е дека клучна улога во целата ситуација одигра Сезар Аспиликуета.

Веднаш по досудениот пенал за Челзи, Аспиликуета ја зеде топката во своите раце, а темпераментните Бразилци веднаш го опколија и започнаа да му прават притисок. Судијата дури мораше да им додели и неколку жолти картони на играчите на Палмеирас за да се смират бидејќи буквално го нападнаа Аспиликуета во обид да му направат притисок пред изведување на пеналот.

Кога ситуацијата се смири, Аспиликуета мирно само му ја подаде топката на Хаверц, кој претходно можеше во мир да се сконцентрира пред изведување на пеналот.

Германскиот репрезентативец без проблем погоди, а фудбалерите на Палмеирас сфатија дека залудно му правеле притисок на Аспиликуета кога тој воопшто не ни планирал да шутира од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести