Неверојатен скок на Мароко на ФИФА листата

Репрезентацијата на Мароко е меѓу најдобрите осум во светот, откако со 3:0 славеше над Канада, во осминафиналето на Мундијалот. Мароко е првата африканска селекција која на две Светски првенска по ред ситгнува до четвртфиналето.

Следниот ривл на Мароко ќе биде Франција, а африканската репрезентација е убедена дека може да го повтори успехот од пред четири години кога на планетарниот собир во Катар играше во полуфиналето.

Дека успехот на Мароко не е случаен покажуваат и резултатите во изминативе десетина години и константниот напредок, како со резултатите, така и со рангирањето на ФИФА листата.

Ете како изгледаше развојот на Мароко во последните пет Светски првенства

СП 2010 – Мароко е на 70 место на ФИФА листата и не се квалификуваше за настап на Мундијалот

СП 2014 – Мароко е на 77 место на ФИФА листата и не се квалификуваше за настап на Мундијалот

СП 2018 – Мароко е на 41 место на ФИФА листата и играше на Мундијалот кога беше елиминиран во групната фаза

СП 2022 – Мароко е на 22 место на ФИФА листата и играше на Мундијалот стигнувајќи го историското полуфинале

СП 2026 – Мароко е на 6 место на ФИФА листата и моментално е сигурен во четвртфиналето на овој турнир

- Оглас -

Најнови вести