Коста пропушти неверојатен „зицер“ (видео)

Иако Атлетико ги освои бодовите на гостувањето во Москва кај Локомотив, многу лесно Јорганџиите можеа да жалат за неверојатното промашување на Диего Коста.

Во тек беше 19-тата минута кога гостите од Мадрид изведоа корнер. Феликс се снајде бо карамболот и со глава успеа да ја проследи топката до Коста, кој иако беше на два метри од празниот гол, реагираше катастрофално и шутна над гредата. Голгетерот на Атлетико не можеше да си поверува што утна, но, за среќа, бодовите беа осигурени во второто полувреме, па овој „зицер“ Коста полесно ќе го заборави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести