Неверојатна сцена: фудбалер запре хулиган кој влета на теренот, па доби црвен картон (Видео)

На мечот од првата израелска лига помеѓу Макаби Петах Тиква и Хапоел Тел Авив се случи една несекојдневна случка. Гостински фудбалер се бранеше од физички напад од хулиган кој влета на теренот среде натпревар, а за тоа од судијата доби исклучување.

Навивачот на Макаби удри еден играч на Хапоел, но кога дојде кај Еди Готлиб, фудбалерот во самодобрана го турна на земја агресивниот хулиган. Судијата го казни Готлиб што ја зеде правдата во свои раце, одлука која предизвика големи протести кај гостите од Тел Авив, кои и со човек помалку го задржаа нерешениот резултат.

https://streamable.com/jfjs7p

- Оглас -

Најнови вести