Неверојатниот поен го мотивира Карењо Буста за прва мастерс-титула (видео)

Пабло Карењо Буста го освои АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал, што за него е прва мастерс-титула во кариерата откако во финалето славеше со пресврт од 2-1 (3-6, 6-3, 6-3) во сетови над Хубер Хуркач.

Шпанецот мораше да надополнува негатива по првиот сет, па само еден брејк му требаше да израмни на 1-1, а потоа да му украде уште два гема на сервис на противникот и да стигне до големиот успех.

Карењо Буста доби дополнителен мотив да триумфира откако ја импресионира публиката по тешко освоениот поен, претрчувајќи го целиот терен за да спаси неколку топки и на крајот брилијантно се снајде на мрежата за да поентира.

- Оглас -

Најнови вести