Неверојатно: Челзи ги има пет од седумте најскапи трансфери во преодниот рок што заврши

Буквално на неколку минути пред крајот на зимскиот преоден рок, беше испишана историја за англискиот фудбал, откако Енцо Фернандес од Бенфика се пресели во Челзи и тоа за трансфер вреден 121 милиони евра. Ова е најскапиот трансфер на еден фудбалер во Британија, а Челзи освен аргентинскиот репрезентативец, донесе уште неколку нови фудбалери и тимот од „Стемфорд Бриџ“ буквално доминираше на европскиот пазар во јануари, трошејќи речиси 350 милиони евра.

Ако се погледнат трансферите кои беа најправени Челзи има пет од седумте најскапи трансфери во овој зимски преоден рок. Ние ви ги издвојуваме Топ 10-те трансфери за преодниот рок кој заврши со крајот на јануари.

Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи за сума од 121 милиони евра

Михајло Мудрик од Шахтар во Челзи за сума од 70 милиони евра

Ентони Гордон од Евертон во Њукасл за сума од 45 милиони евра

Коди Гакпо од ПСВ во Ливерпул за сума од 40 милиони евра

Беноа Бадиашил од Монако во Челзи за сума од 38 милиони евра

Нони Мадуеле од ПСВ во Челзи за сума од 35 милиони евра

Мало Густо од Лион во Челзи за сума од 30 милиони евра

Жоржињо Рутер од Хофенхајм во Лидс за сума од нешто помалку од 30 милиони евра

Леандро Тросар од Брајтон во Арсенал за сума од 25 милиони евра

Данго Оутара од Лориен во Борнмут за сума од 24 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести