Неверојатно колкава е разликата во поени меѓу Меси и Роналдо!

Лионел Меси по рекорден седми пат ја освои Златната топка, наменета за најдобриот фудбалер во тековната година. Аргентинецот овојпат беше најдобар, ставајќи го зад себе Роберт Левандовски, а трет е Карим Бензема.

Според бројот на освоени гласови, Меси е убедливо најдобар со 613 поени. Вториот Левандовски заврши со 580 бодови, а трет е Жоржињо со 460 поени.

Според бројот на освоени бодови, потоа следуваат Бензема со 239 поени, Канте 186, Роналдо освои само 178 поени, Салах 121, Де Бројне 73, Мбапе 58 и Донарума со 36 поени го затвора кругот на Топ 10 играчи според „Франс фудбал“.

- Оглас -

Најнови вести