Неверојатно коло во Англија: Ливерпул испушти предност од два гола а Манчестер сити доби „студен туш“ од Кристал Палас

Екипите на Ливерпул и Манчестер сити комбинирано освоија само еден бод од своите натпревари, иако играа на домашен терен и беа огромни фаворити во 10. коло од Премиер лигата.

Тимот од Енфилд, иако имаше водство од 2:0, на крајот одигра само 2:2 против Брајтон, кој успеа да се врати по големата негатива и да одигра фантастичен натпревар.

Хендерсон во четврттата минута, и Садио Мане, 20 минути подоцна, се чинеше дека донесоа победа за домаќините, сепак, така не размислуваа гостите, кои преку Енок Мвепу (41′) намалија, за во вториот дел голема радост да донесе Леандро Трусард во 65. минута.

Уште пошокантен меч имаше Манчестер сити кој изгуби на „Етихад“ од Кристал Палас со 2:0. Вилфред Заха уште во шестата минута донесе гостинска радост, а на крајот на првиот дел, Ајмерик Лапорт беше исклучен.

Тоа го истористи тимот од Лондон кој со вториот гол, овој пат дело на Конор Галахер си запиша неочекувани три бода.

Челзи, пак, со три брзи погодоци славеше на гостувањето кај Њукасл со 3:0. Два од нив беа дело на Рис Џејмс (65′, 77′), додека конечниот резултат го постави Жоржињо од пенал во 81. минута.

 

ПРЕМИЕР ЛИГА 10 КОЛО РЕЗУЛТАТИ

Ливерпул – Брајтон 2:2

Манчестер сити – Кристал Палас 0:2

Њукасл – Челзи 0:3

Барнли – Брентфорд 3:1

Ватфорд – Саутемптон 0:1

- Оглас -

Најнови вести