Невил нема милост: Се надевам дека Ливерпул ќе се распадне

Европскиот првак Ливерпул вечерва го пречекува градскиот ривал Евертон во дербито кое ќе се одигра на „Енфилд“. На средбата од 15-тото коло во Премиер лигата Црвените ќе атакуваат кон шестата последователна победа, односно вкупно 14-та по 15 натпревари со цел да ја одржат солидната бодовна предност во однос на останатите екипи.

Според оваа положба, тимот на Јирген Клоп е фаворит за освојување на титулата иако до крајот на шампионат има повеќе од половина натпревари. Според она што досега го прикажаа, многумина се согласуваат дека Ливерпул заслужува да биде англиски првак, но тоа мислење не го дели легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил.

„Како подарок за крај на оваа година би сакал Ливерпул да потфрли во трката за шампионската титула. Искрено, ќе биде прекрасно искуство да се сведочи на таков распад, да ги гледаш како имаат 12 бода предност, а потоа да го фрлат целиот труд во вода. Се надевам дека оваа бодовна предност ќе ја чуваат до март, па во финишот од сезоната да им се случи катастрофа. Сепак, морам да напоменам дека покажаа константност оваа сезона и заслужено се на врвот“, истакна Невил без влакна на јазикот.

Ливерпул е на чело на табелата со 40 бода, осум повеќе од Лестер и Манчестер сити, 14 повеќе од Челзи, додека Евертон е на два бода од зоната за испаѓање.

Дербито на Мерсисајд е закажано за 21:15 часот,

- Оглас -

Најнови вести