Ни Анчелоти, ни Нејмар, Халанд ги испрати Бразилците дома

Ерлинг Халанд беше речиси незабележителен 80-тина минути, а потоа со два гола го испрати Бразил дома, тој е човекот на одлука во победата на Норвешка од 2-1 во осминафиналето на СП 2026.

Бразилците утнаа пенал во првото полувреме, Ендрик имаше супер шанса при 0-0 и кога не го искористија тоа, казната дојде. На крајот Нејмар погоди од пенал, но беше предоцна.

Петкратниот светски првак и по 24 години никако повторно да стане шампион, а во овие 24 години Кариоките ниеднаш не елиминираа европска репрезентација во нокаут меч на СП. Норвешка првпат е меѓу осумте најдобри, а во четвртфиналето ќе игра со Англија или Мексико.

Бразил и во петтиот дуел не успеа да дојде до прва победа над Норвешка, а на Мундијалите сега скорот е 2-0 за Викинзите откако го победија Бразил и во 1998 година.

Халанд има 7 голови на ова СП, и ова е прв Мундијал во историјата на кој барем тројца играчи имаат седум или повеќе голови. Покрај него, по 7 голови имаат и Меси и Мбапе.

 

- Оглас -

Најнови вести