Ни Меси, кој ретко коментира, овојпат не можеше да издржи

Аргентинската телевизија ТНТ пред некој ден објави дека Лионел Меси веќе почнал разговори со челниците на Интер за трансфер во овој италијански клуб и дека најдобриот фудбалер на светот нема ништо против тоа да се пресели во клубот од стадионот „Џузепе Меаца“. Истата ТВ-станица вчера објави дека Меси е човекот кој платил 1,6 милиони долари за Роналдињо да биде пуштен во домашен притвор откако се дозна дека парите за кауцијата биле уплатени во градот Барселона.

Меси многу ретко ги демантира медиумските шпекулации, но денеска чувствуваше потреба да се јави. Тој не сакаше да премолчи и на „Инстаграм“ порача дека сите вести поврзани со него на ТНТ биле лажни вести. Исто така имаше шпекулација и дека Меси ќе заигра за Њуелс олд бојс, неговиот клуб од детството.

Лео порача дека сите овие информации се лага и дека, за среќа, никој не им верува на овие медиуми.

- Оглас -

Најнови вести