Ни оградата не помогна, урната статуата на Ибрахимовиќ во Малме

Незадоволството од купувањето на половина од акциите во клубот Хамарби, толку многу ги налути најзапалените навивачи на клубот Малме, што решија да ја уништат статуата на нивниот некогашен идол Златан Ибрахимовиќ. Најпрвин превземаа акции од типот на фарбање на статуата, па следуваше сечење на делови, испишување заканувачки пароли, за сега конечно 2,7 метри високата бронзена статуа да се најде на земја и демолирана, со шал на шведската репрезентација околу главата.

Иако неодамна градските власти потврдија дека статуата останува таму и околу неа поставија метална ограда и обезбедување, во родниот град на ѕвездата на шведскиот фудбал не можеа да го прифатат неговото купување на Хамарби. Полицијата работи на откривање на сторителите на овој вандалски чин.

- Оглас -

Најнови вести